Баба скокнала во бунар длабок 8 метри за да си ја спаси внуката

Шеесет и седумгодишна баба скокнала во бунар длабок осум метри за да го спаси внукот, пренесе Екатеимерини. Настанот се случил на островот Крф, а како што пренесоа тамошните медиуми и бабата и внукот се добро и немаат повреди.

Бабата приметила дека внука ѝ паднала во бунарот и одма скокнала и нурнала два метри длабоко во водата за да ја спаси. Спасувачките екипи и итната помош успеале да ги извлечат и одма биле однесени во блиската болница.

Scroll to Top