Без струја Киненова ги најави осумте филмови кои ќе се борат за награда на фестивалот

Прес-конференцијата за седмото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ се одржа без струја. Иако новинарските екипи беа во точно време на закажаната локација „ЕУ куќа“, организаторите беа принудени да ја одржат на дневна светлина.

При крајот на официјалното обраќање на диркеторот Небојша Јовановиќ и селекторот на фестивалот Игор Анѓелков, светнаа светилките во „ЕУ куќата“.

 Киненова ќе се одржи од 7 до 14 отктомври,  под слоганот „Првиот секогаш остава трага“. Фестивалот ќе биде отворен в петок во киното „Милениум“ во 20 часот,  со хрватскиот филм „Чичко“ на режисерскиот двоец Давид Капац и Андрија Мардешиќ, со Мики Манојловиќ и Горан Богдан во главните ролји.

Ова е еден од осумте филма кои се дел од официјалната компетиција за фестивалските награди, меѓу кои има и филмови од Романија, Полска, Србија, Италија, Турција и од Косово.

Од останатите фестивалски содржини  се „Режисерот во фокус“, австрискиот маг Михаел Ханеке, чии први три филмови го трасираа неговиот пат до европскиот и светски врв, потоа изборот на филмови од актуелната португалска и ирска кинематографија, како и соработката со полскиот фестивал „Вистула“, кој на домашните кино платна ќе ни ја претстави тамошната актуелна кинематографија.

Габриела Додевска 

 

Scroll to Top