Безос и Лорен ќе донираат 100 милиони долари за погодените во пожарите на Хаваи

Милијардерот Џеф Безос и неговата свршеница, Лорен Санчез ќе донираат 100 милиони долари за погодените во пожарите на Хаваи, пренесоа светските медиуми. Веста ја објавија заедно на „Инстаграм“.

„Мислите ни се со семејствата кои изгубија толку многу и со целата заедница која е уништена. Моменталните потреби се важни, како и долгорочна обнова што ќе треба да се случи и откако голем дел од светското внимание ќе стиши“, рекоа тие.

Шефот на Амазон и атрактивната поранешна водителка го основаа фондот „Мауи“ преку кој ќе донираат 100 милиони долари за да им помогнат на жителите островот да се вратат на нозе сега и во годините што доаѓаат. Нивните фанови ги поддржаа и им порачаа дека прават хумана работа.

„Ве сакам двајцата, ова е неверојатно. Честитки. Така се прави кога се има пари. Несебичното давање е нешто прекрасно“, им напишаа тие.

За потсетување во страшните пожари на Мауи загинаа најмалку 80 луѓе, а 1.000 сè уште се водат како исчезнати, според локалните власти. Уништени се и илјадници домови.

Scroll to Top