Били Џоел објави нова песна по 17 години

Американскиот пејач, текстописец и пијанист Били Џоел го објави својот прв нов сингл по 17 години – Turn The Lights Back On.

Баладата, објавена во четвртокот, е првата оригинална песна на добитникот на Греми наградата по „All My Life“ од 2007 година. Истата година следеше Christmas in Fallujah со Cass Dill. 13-тиот и последен студиски албум на Џоел, Fantasies & Delusions, беше објавен во 2001 година.

Џоел стана познат во седумдесеттите години на минатиот век, а е познат по хитовите како Piano Man, Uptown Girl и We Didn’t Start the Fire.

Тој неодамна на социјалните мрежи објави дека доаѓа нов материјал. Тој работеше на синглот со продуцентот Фреди Векслер. Во наредните месеци тој планира да настапи низ САД, како и во Кардиф, Велика Британија.

Scroll to Top