Бивш министер за здравство, кој беше фатен со љубовницата, сега ќе учествува во реално шоу

Бившиот министер за здравство Мет Ханкок, кој беше фатен со љубовница за време на ковид кризата, сега ќе учествува во реалното шоу I’m a Celebrity… Get me Out of Here, кое ќе се снима во џунгла.

Мет беше суспендиран од владејачката Конзервативна партија откако беше снимен како се бакнува со советничката, истовремено кршејќи ги правилата за карантин во време на корона криза.

Покрај Мет, во шоуто ќе учествуваат и поранешниот англиски рагби играч Мајк Тиндал и англискиот фудбалер Џил Скот.

Во шоуто ќе се соочат со голем број предизвици како јадење инскети, додека се опкружени со змии. Од неговата партија на конзерваативците рекоа дека ги превземале потребните мерки за санкции.

„По разговорот со Мет, ја разгледав ситуацијата и верувам дека ова е доволна сериозна работа за да ја оправда неговата суспензија“, рече во вторникот главниот советник во партијата Симон Харт.

Исто така реакции стигнаа и од Вест Суфолк, место во Источна Англија, подрачје кое Мет го претставува во парламентот. Заменик претседателот на локалното конзервативно здружение, рече дека се радува што Мет ќе може да изеде пенис на кенгур, пренесе PA Media.

За потсетување, Мет и неговата љубовница Џина Каландаџело беа видени на романтична вечера во ресторанот Lvxor во Перистил. Daily Mail објави и видео од двајцата како уживаат во вино, додека гитарист на скалите им свирел серенади.

(Фото) Британскиот министер за здравство поднесе оставка поради фотографија на која бакнува колешка

 

Scroll to Top