Брачна двојка убиена во Израел: пред смртта ги скриле своите десетмесечни бебиња

Итаи и Хадар Бердичевски беа нападнати во нивниот дом во Кфар Газа, општина во јужен Израел, која се наоѓа на околу пет километри источно од Газа.

Млада израелска двојка беше убиена од терористите на Хамас откако упаднаа во нивниот дом. Но, за среќа успеале да ги сокријат своите десетмесечни близнаци пред тоа, односно пред доаѓањето на терористите, а бебињата подоцна биле пронајдени живи.

Родителите ги сокриле бебињата во куќата, се обиделе да ги спречат напаѓачите, но и двајцата биле убиени, пишува Њујорк Пост.

14 часа подоцна, израелските војници ги пронашле неповредените бебиња и ги предале на нивната баба.

Scroll to Top