Бремена Американка сака да го искористи новиот Закон за абортус за да избегне казна за сообраќаен прекршок

Бренди Ботоне од Тексас, сака да го искористи новиот закон за забрана на абортус во САД, со цел да избегне казна за сообраќаен прекршок. Бренди која е во 34 недела од бременоста доби казна од полицаец затоа што возела по лента за автомобили, наменета за повеќе патници.

Таа смета дека е неправедно казнета затоа што според законот за абортус, нејзниот фетус треба да има статус на патник.

„Има ли некој друг со тебе во автомобилот“, ја прашал полицаецот Бренди, на што таа му му го покажала стомакот и рекла дека нејзното неродено дете сега е личност во очите на законот.

За потсетување, Врховниот суд на САД го укина досегашниот федерален закон којшто им гарантира на жените пристап до абортус.

Дури и пред абортусот да биде забранет во цела држава минатиот месец, новиот закон во Тексас го забрани абортусот по шест недели.

Scroll to Top