Британска старлета тврди дека знае како ќе умре и не сака да ја кремираат поради силиконите

Познатата британска старлета Кејти Прајс во подкастот на Кети Бурк Where There’s A Will There’s A Wake рече дена знае како ќе умре и дека откако ќе се случи тоа, не сака да ја кремираат поради силиконите. Убедена дека ќе умре во сообраќајка и откри дека се плаши да не ја закопаат жива.

„Отсекогаш предвидував дека ќе умрам во сообраќајка. Бројот на сообраќајки што сум ги имала и ги преживеав е голем и секој пат поминував без гребнатинка“, рече Прајс, која откри за сообраќајката од неодамна кога автомобилот ѝ се превртел, а истото ѝ се случило и во Аргентина, кога налетала на коњи.

Старлетата зборуваше и за тоа дека сака да биде кремирана, но ѝ било објаснето дека во тој случај ќе мора да ги извади имплантите.

„Одбив одма. Ќе изгледам ужасно. Тоа не би била јас. Не можат да ми го направат тоа“, рече Прајс и додаде дека во случај да ја кремираат сака силиконите да ѝ ги врамат со силикони.

За потсетување, Кејти е позната по операциите на градите, а според странските медиуми досега имала 17 и на нив потрошила повеќе од 130.000 фунти. Првата операција на градите ја направила на 21 година.

Scroll to Top