Британски научници создадоа гориво со кое астронаутите може да останат подолго време во вселената и на Месечината

Британски научници тврдат дека развиле извор на енергија кој би можел да им овозможи на астронаутите долго да живеат на Месечината. Универзитетот Бангор дизајнираше нуклеарни ќелии, со големина на семе од афион, кои можат да ја произведат потребната енергија за одржување на животот.

Експертот за нуклеарни материјали и горива Сајмон Мидлбург од Универзитетот Бангор вели дека работата на овој проект била голем предизвик, но и забава. Додаде дека во следните неколку месеци целосно ќе го тестираат нуклеарното гориво.

Горивото може да биде отскочна даска до други планети. На Месечината постојат голем број вредни ресурси потребни за модерна технологија, а многумина ги гледаат како потенцијална база за која во иднина од истата ќе може да се лансираат на други планети.

Во некои негови делови, температурите паѓаат и до неверојатни 248 степени целзиусови, затоа што нема атмосфера која би ја сочувала топлината. Универзитетот Бангор е главен играч во потрагата за модел на производство на енергија и топлна за одржување на живот на Месчината или некоја друга планета во Сончевиот систем. Научниците штотуку испратија мали нуклеарни ќелии со гориво, познати како Trisofuel, на своите партнери за тестирање.

Може да се користи за напојување на микро-нуклеарен генератор, изграден од партнерот на универзитетот, „Ролс-Ројс“. „Генераторот е пренослив уред, со големина на мал автомобил.

„Може да се стави на ракета и да се лансира во вселената“, рече Мидлбург, а пренесе „Би-би-си“. Универзитетот наведе дека овие микрогенератори би можеле да се користат и на Земјата, на пример во зони на катастрофа кога има прекин на струја.

Геополитичарот и новинар Тим Маршал рече дека напредокот во развојот на горивото е чекор во глобалната трка кон Јужниот пол на Месечината.

„Убеден сум дека во 2030 година ќе постои база на Месечината. Веројатно една на Кинезите и една на Американците. Се верува дека има титаниум, литиум, силициум, железо и многу други минерали кои се користат во многу нови технологии” рече Маршал.

„Не се знае точно колку, но повеќето компании се убедени дека тоа е економски исплатлива сума“, додаде тој.

Scroll to Top