Бронза за танчарите од „Брејк а лег“ на Светското првенство во модерен танц во Австрија

Бронзен медал на Светското првенство во модерен танц за екипата на Студио Брејк а Лег во категоријата Battle crew, на шампионатот кој се одржа во Грац, Австрија.

Екипата која освои бронзен медал е составена од Јана Здравковска, Ива Мешковска, Ума Муминовиќ, Мила Србиновска, Мартин Петровски и Павел Велковски.

На Светското првенство во Грац учествуваа екипи од дури 29 земји, а Студио Брејк а Лег освен бронза, имаше и едно осмо место во категоријата Hip Hop формации.

Scroll to Top