Чарлс Трети на аукција ќе ги продава коњите на кралицата Елизабета

Кралот Чарлс Трети продава дел од тркачките коњи што ги наследил од својата мајка, кралицата Елизабета Втора, пренесе „Би-би-си“. Тој преку аукциската куќа Tattersalls аукција ќе продава 14 кобили што ѝ припаѓале на починатата кралица.

Портпаролот на Tattersalls, Џими Џорџ, изјави дека ова не е ништо невообичаено.

„Секоја година продаваме коњи. Кралицата ги имаше своите кобили, ги одгледуваше и ги продаваше. Не можете да ги задржите сите. Продажбата на коњите на кралицата не го симболизираат крајот на поврзаноста на кралското семејство со трките. Неговото височество го прави само тоа што го прават сопствениците“, рекол Џорџ.

Елизабета Втора беше искусен одгледувач на тркачки коњи, и страстен тркач и јавач. Љубовта кон коњите ја наследила од нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, а тој потоа ѝ ја оставил и Кралската ергела, центар за одгледување коњи за тркање во Сандрингем, кој произвел многу од нејзините победници.

Нејзиниот менаџер за трки Џон Ворен претходно изјави дека коњите се огромно бегство од другите должности за карлицата и дека нејзината поддршка со децении била огромен поттик за британските трки.

„Сигурен сум дека ако кралицата не беше монарх, таа ќе работеше нешто поврзано со коњи. Тоа беше едноставно во нејзината ДНК“, рекол Ворен.

Scroll to Top