Чаша вино и Фолтин за почеток на „Виноскоп“

Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, Оффчестра, Брас Брадрс и Фолтин вчера беше отворен фестивалот „Виноскоп“ кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.

Со учество на над 40 винарии и гурмански катчиња, фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат Баклава, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и Куку Леле.

Програмата започнува во 17:00 со „афтер ворк“ забава, а до 19:00 на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно вино гратис.

Scroll to Top