Да наполниме батерии во скапа тарифа: пуштени во продажба билетите за „Златна Бубамара“

Златна бубамара на популарноста ќе се одржи на 16 март во арената „Борис Трајковски“, а билетите се пуштаат во продажба денес и ќе можат да се купат онлајн преку karti.com.mk и mktickets.mk, или во „Розе Веро 2“, најави организаторот Радио Бубамара. Оттаму велат дека и овој пат спремаат незаборавна тричасовна претстава за сите што ќе дојдат, но и за оние кои шоуто ќе го гледаат на телевизија.

„По ланската 25. Златна бубамара, со која одбележавме сребрен јубилеј, годинашната манифестација е прва од следните 25, до следниот, златен јубилеј. Под мотото ‘Да наполниме батерии во скапа тарифа‘, омилената манифестација ќе направи пресек на годинашната креативна продукција, сатирично ќе ја раскаже изминатата година и ќе ги награди најголемите уметници од Македонија и регионот. Во ова време на енергетска, инфлациска, морална и духовна криза, Златна бубамара повикува да се забавуваме во музички ефикасна тарифа и да се арчиме за убаво расположение“, објави организаторот.

Оттаму засега само откриваат дека наградата за животно дело ќе ја добијат Миле и Ѓорѓи Барбаровски, автори на некои од најубавите песни од македонската народна музика.

Да наполниме батерии во скапа тарифа: Златна Бубамра ја најави приредбата за 16 март

Scroll to Top