Деп добива замена во „Пиратите од Карибите“? Фановите повикуваат на бојкот

По се изгледа дека капетанот Џек Спероу нема да се врати во акција. Според извештаите, мегаѕвездата е исфрлена од шестиот дел од „Пиратите од Карибите“. Дизни ја разгледува можноста актерката Ајо Едебири да биде замена за Џони Деп. Нејзиниот лик наводно се вика Ана.

Улогата се базира на животот на Ен Бони, пират од 17 век. Веста не им се допадна на фановите. „Дизни е срање“, се јави прв шефот на Тесла, Илон Маск. „Никој нема да го гледа без Деп“, „Едвај чекам Дизни да банкротира“, „Бојкотирам“, се согласуваат со него гневните фанови.

Некои пишуваат дека Бони била бледа, црвенокоса Ирка и наведуваат дека поради тоа изборот на Едебири, кој има нигериско потекло, е гаф. Други го нарекоа Дизни „”blackwashing”.

Scroll to Top