Девојката му посвети емотивна тетоважа на нејзиниот татко откако дозна дека боледува од Алцхајмерова болест 

Девојка направила тетоважа, откако дознала дека нејзиниот татко боледува од Алцхајмерова болест.

Изабел решила да си направи тетоважа на раката. Тетоважата има голема емотивна вредност за неа бидејќи ја симболизира нејзината љубов и непоколебливата поддршка за нејзиниот татко, а видеото во кое му ја покажа на својот татко стана популарно.

„1952 е годината кога си роден, а има два бранови – едниот сум јас, а другиот си ти“, му кажува Изабел на својот татко додека му ја покажува тетоважата на нејзината рака.

„Тоа е толку слатко“, ѝ вели татко ѝ, а таа потоа го прашува: „Знаеш ли зошто брановите?

„Сакам бранови“, одговара тој.

„Брановите се затоа што отидовме на пловење, ти ме научи да пловим. Тоа е мојот омилен спомен со тебе”, му објаснува Изабел на својот татко, кој се насмевнува и нежно ја стиска за рамото. На крајот, таткото се расплакува и на својата ќерка и кажува едноставни, но моќни зборови: „Те сакам“.

Видеото собра над 18 милиони прегледи.

Scroll to Top