Босанската музичка ѕвезда, Дино Мерлин најави голем концерт пред Нова година во Скопје.
Концертот на Мерлин е најавен за на 27 -ми декември во арената „Борис Трајковски“. Билетите ќе бидат пуштени во продажба од 13 -ти октомври на онлајн продажните платформи МК Тикетс и Купу Карти.
Мерлин има преполна агнеда со веќе распродадени концерти, како три распродадени арени во Загреб, два во Белград, концерт ќе одржи и во Швајцарија, а за Нова Година ќе пее во Дубровник.