Доби казна среде емисија во живо, па се повлекува од медиумите: Јована Јеремиќ решила да се посвети на други работи

Водителката Јована Јеремиќ се најде во центарот на вниманието кога Жељко Митровиќ, сопственикот на телевизијата во која работи, во програма во живо вчера ѝ соопшти дека е казнета со одбивање половина од платата.

Денеска таа објави дека се преселила кај нејзиниот нов избраник Драган и дека планира да се повлече од јавниот живот на одредено време, пренесуваат српските медиуми.

Двајцата нагласуваат дека се најголемите љубови еден на друг, и веќе не се разделуваат.

„Планирам малку да се повлечам од медиумите во февруари, ќе се фокусирам на некои свои работи. Паузирам. Јас сум во империја на пекари. Многу ми се допаѓа овде“, рекла Јована во „Премиер“.

Scroll to Top