Двојникот на Зеленски продава риба во Италија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски има двојник. Неговото име е Џиџи, а на неговиот профил на Тик ток има повеќе од милион следбеници.

На тик ток заедницата Џиџи е познат уште во времето на карантинот поради Ковид кога објавуваше видеа кои ги забавуваа неговите следбеници. Па така неговата популарност во Италија не е само поради сличноста со украинскиот политичар.

Инаку Џиџи е продавач на риба од Неапол.

 

Scroll to Top