Европски метрополи во кои може да добиете марихуана во кафуле

By

Постојат неколку локации на Стариот континент каде што уживањето во чадот од марихуана е дел од културата, како што е пиењето италијанско кафе или француско вино. И додека во последните години е постигнат значителен напредок во употребата на канабисот за медицински цели, многу земји сè уште се лишени од нејзината употреба.

dobivaj vesti na viber

Амстердам, Холандија
Овој град се издвојува од повеќето европски метрополи по својата отвореност кон марихуаната. Во специјализираните места, познати како кафулиња, пушењето марихуана е легално, но одгледувањето сепак е кривично дело. Иако марихуаната е одлична мамка за туристите, да не заборавиме дека градот крие некои од најдобрите музеи, познати архитектонски дела, одлична гастрономска сцена, па ако не сте корисник на марихуана, вреди да дојдете за сè друго.

Копенхаген, Данска
Поточно, областа Кристијанија. Тоа е анархистичка населба во која марихуаната се продавала сосема легално. Населбата била окупирана од хипици во 70-тите, а денес околу деветстотини луѓе живеат независно од данскиот закон. Позната е и како област на зелено светло, со оглед на сите видови канабис што се тргуваат таму. Но, тоа создаде проблеми и разни кавги во соседството, па, денес, иако е достапен канабисот, населбата е многу попозната по шарените улици, кафулиња и ресторани.

Барселона, Шпанија
Марихуаната технички не е дозволена во Барселона, но во пракса е поинаку. Можете да ја земате во приватен простор или во клубови, а на улица има малку посериозна приказна. Сепак, познато е дека тоа може да се направи на одредени места. Можно е низ целиот град да најдете клубови за канабис, во кои мора да се приклучите и кои не смее да се рекламираат.

Прага, Чешка
Град кој сè уште, за разлика од првите три на листата, може да се посети без премногу пари. Во Прага исто така не е целосно легална, но никој нема да ви пречи да поседувате до 15 грама марихуана. Таа често може да се купи директно од келнерот.


Ќе ви се допадне