Српски туристи им се заблагодарија на гевгеличани, кои бесплатно им го сервисирале автомобилот, откако им се расипал на враќање од Грција. Туристите јавно им се заблагодарија на Македонците од Гевгелија кои им помогнале со автомобилот и тоа за без пари.
„Ви благодариме браќа Македонци. По враќањето од Грција, на бензинската пумпа, автомобилот на мојот кум во Гевгелија во 21 часот и 30 минути, престана да работи, поради екстремно лошо време. На помош дојдоа луѓе од бензинската пумпа, повикаа механичари, влегле во возилото околу 15 минути ѝ ја направиле целата дијагностика и го стартуваа автомобилот. На прашањето на кумот колку должи, само рекле добар пат пријатели. Секако, кумот не сакаше ни да слушне, па ги почасти. Ви благодариме уште еднаш браќа Македонци“, напишал пријател на возачот во групата „Грција инфо“.