Ферарито на Мајк Тајсон се продава на аукција

Ферарито на поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Мајк Тајсон, ќе биде продадено на аукција. „Ферари Ф50“ ќе биде продадено овој месец на аукцијата Gooding & Company, а почетната цена ќе биде меѓу 4,5 и 5,5 милиони долари, пренесе Autoblog.

Станува збор за моделот F50, со број на шасија 104220, кој е произведен во февруари 1996 година. Офарбан е во Rosso Corsa боја и е еден од 55 примероци кои првично беа направени за американскиот пазар.

Мајк Тајсон во 2001 година, го продаде на коосновачот на Inforspacea, Кевин Маркус. Во наредните две децении автомобилот мина во рацете на повеќе колекционери.

Во мај годинава, сопсвеникот го испрати во Ferrari Fort Loderdejl, каде мина голем сервис кој меѓу останатото вклучуваше и вградба на нова спојка и гуми. Повеќе од 75.000 долари се вложени во овој автомобил во изминатите шест месеци. Има поминато 9966 километри.

Scroll to Top