Фински милионер доби казна од 121.000 евра за брзо возење

Финскиот мултимилионер Андрес Виклеф е казнет со 121.000 евра за брзо возење. Возел со 82 километри на час, на место каде дозволената брзина била 50 километри.

Во Финска сообраќајните казни се изрекуваат во зависност од приходот на прекршителите, а се гледа и дали во минатото имале слични вакви дела.

Виклеф за Nia Aland, медиум од Оландските острови, автономен фински регион во Балтичкото море, рече дека му е жал за стореното и дека во моментите пред да биде застанат, почнал да ја намалува брзината. Но, објасни дека тоа не го направил доволно брзо.

Виклеф е претседател и основач на холдинг компанијата чии годишни приходи се 350 милиони евра. Тој објасни дека додека возел со 82 километри на час, на патот на многу кратко растојание биле поставени знаци кои покажувале намалуваање на брзината од 70, па на 50 километри на час.

Казните за сообраќаен прекршок во Финска се засноваат на тежината на прекршокот и приходите на престапниците. Тоа полицијата може за брзо да го провери на телефонот, така што се поврзува со централната база на податоци за даночните обврзници.

Фактот дека Виклеф претходно двапати бил казнет за прекршување на брзината, била отежнувачка околност за него. Одземена му е и возачката дозвола на 10 дена.

Бизнисменот по кого „Виклеф Холдинг арената“ главниот стадион на островите, го добила името, во 2018 година добил казна од 95.000 евра за ист прекршок.

Финска изрекува казни на лизгачка скала за низа прекршоци, а казните се прогресивни, што значи дека колку е поголем приходот на сторителот, толку е поголема казната. Се смета дека во Швајцарија, која користи сличен систем на казнување, изречена е најголемата сообраќајна казна од 3600 франки

Smatra se da je Švajcarska, koja koristi sličan sistem kažnjavanja, izrekla najveću saobraćajnu kaznu – 3.600 franaka dnevno tokom 300 dana, ili oko 1,1 milion evra, za švedskog vozača koji je uhvaćen da vozi 290 km/h između Berna i Lozane.

Scroll to Top