(Фото) Мајката на Илон Маск позира во костим за капење

Меј Маск во костим за капење се најде на насловната страница на магазинот Sports Illustrated Swimsuit, кој има култен статус во САД. Мајката на најбогатиот човек во светот Илон Маск ги крши сите општествени предрасуди поврзани со стареењето и она што е дозволено во одредени години. 

74-годишната Меј позираше во едноделен костим за капење со дезен од каранфили и обетки во форма на палми.

„Мојата прва реакција беше дека никогаш не можев да се замислам во такво нешто, бидејќи зошто некој би имал 74-годишна жена на насловната страница, особено во костим за капење“, изјавила Маск.

„Мислам дека ова ќе направи жените во седумдесеттите да се чувствуваат поудобно кога пливаат, како и жените во дваесеттите и триесеттите. Кога жените одат на плажа, ние сме малку срамежливи за нашите тела, додека мажите шетаат наоколу, изгледаат ужасно и не им е грижа“, вели Меј Маск.

Меј порано работела како модел, а денес се занимава со нутриционизам. Таа неодамна се појави на Мет Гала со својот познат син Илон, кој е најбогатиот човек на светот во моментов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maye Musk (@mayemusk)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maye Musk (@mayemusk)

Scroll to Top