(Фото) Младоженци место традиционална свадба во ресторан поканиле и нахраниле сиромашни луѓе

Ана Паула Меригета и Виктор Рибеиро место да имаат традиционална свадба со многу гости, решиле да поканат сиромашни деца и членови од семејствата кои не можеле да си дозволат да дојдат. Двајцата од крајбрежниот град Гуапари поканиле и нахраниле повеќе од 160 сиромашни лица во ресторанот.

„Решивме да ги нахраниме оние кои не можеа да си дозволат да си купат храна, а нашите семејства и онака имаат сè што сакаат. Секако, немам ништо против вообичаените свадби, но се одлучивме за поинаква прослава“, рече Виктор за бразилскиот весник „Естадао“.

Двајцата се членови на парохискиот хор, а за идејата велат дека им дошла како инспирирација од зборовите на познатата бразилска песна „Моето кралство има многу да каже“.

Песната е инспирирана од стиховите од Евангелието на Лука и гласат: „Кога подготвувате ручек или вечера, не ги поканувајте пријателите, браќата, роднините или богатите соседи, за да не ве поканат и тие за да ви ја вратат услугата. Но, кога подготвувате гозба, поканете ги сиромашните, сакатите и слепите. Тие немаат што да ви вратат. Навистина ќе ви биде возвратено во воскресението на праведниците“.

Младенците првично планирале сами да ја финансираат вечерата за сиромашните, но набрзо им се придружиле членовите на семејството и пријателите, кои ја поддржале нивната идеја и финансиски и со волонтирање. Се изненадиле и од угостителска компанија која го донирала целиот оброк.

„Оваа фотографија е суштината на нашата врска, нашата љубов и кои навистина сме. Слаби сме, грешници, зависни од Господа, но и свесни за Божјата милост. Секогаш бевме добри пријатели и се грижевме еден за друг, особено за нашиот духовен живот. Од денес сме повеќе од кога било повикани да бидеме партнери, верни пријатели кои заедно чекорат по патот на светоста, чекорејќи кон рајот“, рече Виктор.

Scroll to Top