(Фото) Нова монета од пет фунти за 40-тиот роденден на принцот Вилијам

Четириесеттиот роденден на британскиот принц Вилијам ќе биде одбележан со издавање на монета од 5 фунти со неговиот лик, соопшти Кралската ковачница. Официјалниот државен производител на монети на Обединетото Кралство ја претстави монетата во пресрет на роденденот на Вилијам на 21 јуни.  Ликот на војводата, втор во редот за тронот, за првпат ќе се појави самостојно на официјална монета искована во Кралската кованица. Креирана е од дизајнерот и гравер Томас Т Доерти. Во средината на монетата е портретот на Вилијам, а околу него кралскиот код на војводата – првата буква од неговото име – W, веднаш до бројот 40.  Од другата страна на паричката ќе биде ликот на кралицата Елизабета Втора, дизајниран од Џоди Кларк.

Scroll to Top