(Фото) Разубавена Старата чаршија во Скопје

Старата чаршија во Скопје доби ново руво. Тесните сокаци се покриени со бели платна, поставени од еден до друг крај на постојаните градби.

Прошетките низ Старата скопска чаршија добиваат нов шмек кој ги спојува модерното и традицијата.

Срцето на Скопје изобилува со знаменитости кои се сместени во чаршијата и нејзина околина, а кои имаат статус на заштитено културно добро. Најголем дел од нив се изградени додека чаршијата била под отоманска власт, а постојат и такви кои постоеле и пред тоа како што е Скопското кале.

 

Scroll to Top