„Фрајле“ утревечер ќе пеат под отворено небо во Скопје

Наташа, Јелена и Невена од новосадското трио „Фрајле“ утревечер, на 18 јуни, ќе одржат концерт на отворено пред МОБ. Концертот во Скопје го најавија со видео во кое велат дека е доста од корона и карантини и дека е време е да се вратат на стариот живот.

„Искрено се радуваме на повторната средба со македонската публика“ – порачуваат девојките од Фрајле.

Во интервју за Репортер зборуваа дека на првиот концерт по короната ги фрлиле барските толчиња и почнале да играат на нивните настапи.

„Како сме можеле да седиме досега, не ни е јасно“, рекоа Наташа, Невена и Јелана за „Репортер“.

Организаторите на овој настан – „Прагма продукција“ велат дека скопјани заслужуваат еден ваков музички подарок.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да се купат онлајн преку продажната мрежа на „www.kupikarta.com – како и во „Југотон“ и „Розе Веро 2“, по цена од 600 денари.

Scroll to Top