Франција се соочува со недостиг на сенф, откако земјоделците повеќе не одгледуваат синап

Од мај годинава Франција се соочува со недостиг на сенф од Дижон. Овој сенф е национална гордост без која француската кујна е нецелосна.

Присутен на француските трпези, сенфот Дижон се прави со комбинирање на семки од кафен синап со бело вино и зачини. Тоа е производ кој претставува гастрономско уживање, со киселкав вкус. Тоа е совршен додаток на печено пилешко со крцкава кора, идеален начин за украсување на едноставен сендвич со шунка и путер. Покрај тоа, тоа е неопходна состојка на домашниот мајонез.

Фактот што зачинот е толку популарен во францускиот регион Бургундија, чиј главен град е Дижон, е поради семките од кафен синап и познатите вина од регионот. Монасите правеле сенф на овој начин со векови, а во 1752 година била запечатена врската помеѓу Дижон и сенфот благодарение на Жон Нежон, кој ги комбинирал семките од синап не со вино, туку со сок од незрело грозје.

Сенфот Дижон  се издвојува од другите на пазарот со својот суптилен, избалансиран вкус. Има повеќе топлина од американскиот жолт сенф, но е помалку лут од кинескиот или баварскиот сенф. 

Откако земјоделците го напуштија производството на синап за попрофитабилни култури пред неколку децении, останатите производители почнаа да увезуваат семе од синап од други земји. Нивните потреби најмногу ги задоволуваше Канада, која произведува околу 80% од светските залихи.

Иако недостигот не беше предизвикан од руската инвазија на Украина, тој дополнително се влоши со негативно влијание врз преостанатите производители на сенф Дижон. Наместо кафените семиња потребни за Дижон, Украина главно ја произведува белата сорта што се користи за англискиот жолт сенф. Сето ова фрли ново светло на несовпаѓањето помеѓу името сенф Дижон и местото каде што се произведува. На крајот на краиштата, за разлика од шампањот, „Дижон“ во сенфот Дижон се однесува на специфичен рецепт, а не на заштитеното географско потекло на производот. Не постојат дефинирани правила кои го задржуваат правото на производство на оригинален сенф Дижон, можете да го направите каде било во светот. 

Додека сенфот Дижон веројатно никогаш повеќе нема да се однесува на вистински локален производ, стандардизирањето на етикетата Moutarde de Bourgogne прикачена на овој сенф се чини дека е најдобриот потег. Оваа ознака потврдува дека сенфот се произведува во регионот Бургундија со семе од синап од Бургундија и вино од Бургундија. 




		
		
			
Scroll to Top