Фудбалер глумеше дека е повреден за да може соиграчот да се омрси за ифтар

Фудбалерот на Фиорентина, Лука Раниери, на натпреварот со Интер глумеше повреда, за да можеше неговио соиграч Софијан Амрабат да се омрси, бидејќи беше време на инфтар.

Станува збор за вечерен оброк во текот на исламскиот месец на Рамазан, односно јадење кое се конзумира во првиот самрак, непосредно по заоѓањето на Сонцето. Со ифтарот се завршува денот на постот, а најчесто се зема пред вечерната молитва Акшам-Намаз

Моментот од натпреварот се случи во второто полувреме, а видеото стана хит на социјалните мрежи.

Scroll to Top