Норвешкиот фудбалер Матијас Норман, нема да настапи за репрезентацијата на Новрешка на Светското првенство, затоа што клубската кариера одлучи да ја продолжи во Русија.
Норман ќе продолжи да игра за екипата на Ростов, па од фудбалскиот сојуз на Норвешка, одлучија да го изостават од националниот тим од политички причини.
Како што рече претседателската на фудбалскиот сојуз на Норвешка, Лиса Клавенес, одлуката на Норман е недозволена во овој момент и тој нема да биде на списокот на селекторот Столе Солбакена.
„Во суштина, не е работа на фудбалскиот сојуз да рече што било околу изборот на репрезентативци за нивниот клуб, но сега се наоѓаме во посебна ситуација. Целиот норвешки и европски фудбал се согласи заедно да изврши притисок врз Русија, која активно ја користеше моќта во спортот“, рече Клавенес.
„На сите руски тимови им е забрането да учествуваат на меѓународни спортски натпревари. Столбакен и јас се согласуваме дека Норман не може да ја претставува Норвешка, сега кога ќе игра за нов руски клуб“, додаде таа.