Фудбалери на Манчестер јунајтед се тепале на тренинг

Двајца фудбалери на Манчестер јунајтед се тепале за време на тренингот изминатиот викенд, пренесе британски „Сан“. Засега нивните имиња не се откриени во јавноста, но сигурно е дека се фудбалери од првиот тим, додава „Скај“.

Многумина шпекулираат дека еден од нив е Пол Погба, но Французинот од поодамна е сигурно дека ќе го напушти клубот и не се нервира премногу поради лошите резултати на клубот.

Нервозни поради лошата игра во последните неколку месеци беа и Хари Мегвајер, Давид де Геа, Бруно Фернандеш и Кристијано Роналдо, но засега никој не знае дали некои од нив биле фудбалерите кои се степале на тренингот.

Од клубот рекоа дека сакаат да ја смират ситуацијата и чесно да се простат од сезоната во која не освоија ниту еден трофеј. Но, од кога соопштија дека Рангник ќе го наследи Тен Хаг на тренерското место, мотивација кај фудбалерите нема, пренесоа медиумите.

 

Scroll to Top