Катарина и Перо заедно на изложба во Музејот на современата уметност

Познати личности од јавниот живот вчера беа на отворањето на изложбата „Сè што ни е заедничко“ во Музејот на современата уметност, каде што уметничкиот колектив „Рома џем сешн“ ја промовира публикацијат „Морфирање на ромското етикетирање“. Преку групна медитација публиката имаше можност да доживее холистички пристап кон современата историографија и наратив на Ромите во Швајцарија преку обука за ментална и физичка агилност и стабилност на рамнотежата.

Меѓу гостите ги забележавме актерката Сара Климовска, режисерот Слободан Унковски, Перо Антиќ и Катарина Ивановска, министерката за култура, Бисера Костадновска-Стојчевска, Сања Лукревска, Роберт Алаѓозовски и други.

Фото: Музеј на современата уметност

Scroll to Top