(Галерија) Со реплики од претстави и филмска музика Народниот театар Битола прослави 78 години постоење

Народниот театар Битола, со музичко сценската изведба „За нашиот театар“ на големата сцена „Благоја Стефановски – Баге“ прослави 78 години постоење. Претставата на ансамблот беше спој на реплики од претстави, но и изведба на посебни музичко сценски перформанси.

Преку тематската претстава подготвена од актерите во битолскиот театар се раскажуваше приказната за Народниот театар Битола која започнала во 1944 година. Беа споменати сите познати актерски имиња кои имале значајни улоги и оставиле свој печат на штиците што живот значат.

Аплауз и овации од публиката за која беше претесна салата, за сите оние кои работат во позадина и имале свој придонес за опстојување на театарот низ години, костимографи, мајстори на светло, гардеробери.

78. роденден на Народиот тетара Битола започна изложба на театарски портрети од ликовниот уметник Кирил Геговски, а продлжи  со едукативна претстава за најмалите „Зошто го сакам театарот“

Досега сите премиери и театарски претстави ги гледале околу 5 милиони гледачи, изјави уметничкиот директор на Народниот театар во Битола.

Фото: Фејсбук НУ Народен Театар Битола

Scroll to Top