Германците ги затвораат крематориумите поради недостиг на гас

Енергетската криза ги принудила погребните компании во Германија да ги згаснат печките во крематориумите за да заштедат гас, пренесуваат светските медиуми.

Претставниците на здруженијата на погребници предупредуваат дека бројот на печки кои работат може да биде доволен за околу милион починати чии семејства се одлучиле да им ги запалат телата.

Претставници на германскиот конзорциум за кремација Свенд Јерк Соболевски објасни дека крематориумите биле принудени да ги згаснат речиси половина од печките кои ги имаат.

„Некои од печките се згаснати, додека останатите мораат да работат константно за да не се оладат, бидејќи нивното повторно загревање бара поголема количина гас“, објасни Соболевски.

Тој додаде дека крематориумите на тој начин штедат гас и се придружуваат на препораките на Европската комисија за намалување на потрошувачката на тој енергенс за 15%. Но, според него не можат сите крематориумите да преминат на тој систем.

„Немаат толку клиенти. Некои имаат една или две печки. Тоа значи дека во случај на рестрикции, тие крематориуми ќе мораат да бидат затворени“, рече Саболевски.

Според зборовите на шефот на асоцијација на погребници на Германија, Штефан Нојзер, постои и втора опција за штедење, а тоа е намалување на температурите во печките.

„Температурата во печките сега е 850 степени Целзиусови. Постои можност таа да биде намалена на 750 степени. На тој начин би се заштедиле до 20% од гасот. Но, законите за кремација се многу прецизни и строги, така што опцијата прво мора да ја одобрат властите“, рече Нојзер.

Тој додаде дека постои можност крематориумите со гас да преминат на струја, но прашање е дали на зима ќе има доволно струја, а освен тоа немаат можност сите брзо да го променат системот за загревање на печките.

И Нојзер и Соболевски апелираа до владите во Берлин во случај на рестрикции на гас крематориумите да бидат приоритет.

„Смртта не може да се избегне“, речат погребниците.

За потсетување, кремацијата е најчест начин на погребување во Германија. Речиси три четвртини од погребите, од околу милион годишно, во земјата се извршуваат на овој начин. Тоа е голем процент во споредба со другите земји во Европската Унија.

Германското Министерство за заштита на животна средина соопшти дека се работи на модел кој би им одговарале на крематориумите.

„Работиме со сите држави на тоа да издадеме упатство за можно намалување на температурите во печките за кремација. Наредните недели треба да издадеме нови упатства“, е наведено во соопштението на германското министерство.

Ова не е првпат кризата да доведе до нарушување на работата на крематориумите во Германија. Во екот на пандемијата на коронавирусот, крематориумот во Мајсен беше преплавен со починати, затоа што не можеше брзо да ги одработи.

Затоа мртовечки сандаци имаше по канцелариите, ходниците и подрумите.

 

 

Scroll to Top