Го срушиле Кинескиот ѕид за да си направат пат до парцелата

​Две лица се приведени и против нив е покрената истрага откако со багер почнале да копаат и прават премин преку Кинескиот ѕид. Тие го признале делото за време на сослушувањето и дека го направиле во обид да направат кратенка за да го намалат времето на патување, објави државната телевизија CCTV.

Станува збор за 38-годишен маж и 55-годишна жена во провинцијата Шанкси. Двајцата се обвинети дека копале низ Кинескиот ѕид за да создадат кратенка за нивните градежни работи во близина.

Од полицијата рекоа дека толку многу го прошириле постоечкиот отвор во античката структура со багерот и предизвикал неповратна штета на интегритетот и безбедноста на тој дел од ѕидот. Истрагата е во тек, јавува Си-Ен-Ен.

За потсетување, Кинескиот ѕид има вкупна должина од повеќе од 20.000 километри ѝ е прогласен за светско наследство на УНЕСКО во 1987 година.

Неговите најрани делови датираат од пред два милениума и со текот на времето биле проширени. Оштетувањето е направено на дел од ѕидот кој датира од династијата Минг (1368-1644), познат како 32-ри Кинески ѕид.

Во последниве години, кинеските власти ја зголемија заштитата на Кинескиот ѕид и ги потиснаа вандалските акти. Во 2021 година, полицијата приведе и казни тројца посетители затоа што со остар предмет цртале на познатиот дел од ѕидот во Бадалинг.

Scroll to Top