Ѓоковиќ не може да игра на УС опен

Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра на престојниот УС опен, потврди организаторот.  Од таму соопштија дека ќе ја почитуваат одлуката на американските власти, кои не дозволуваат влез на невакцинирани странски државјани.

„Ју-ес опен не воведе задолжителна вакцинација за своите учесници, но сепак ќе ја почитува одлуката на владата на САД, со која се забранува влез во земјата на невакцинираните странски државјани“, соопштија организаторите.

Scroll to Top