Ѓоковиќ повеќе не е најдобриот тенисер во светот, Карлос Алкараз сега е прв на АТП листата

Новак Ѓоковиќ повеќе не е најдобриот тенисер во светот. Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го симна од првото место на светската АТП листа по освоениот Мастерс во Индијан Велс. Алкараз стана најдобар тенисер во светот, откако во финалето го совлада Данил Медведев.

Во мечот кој траеше 72 минути го победи Медведев со 2:0, во сетови 6:3 и 6:2. Ѓоковиќ сега е втор на АТП листата.

Scroll to Top