Хитот „Као какао“ на „Леб и сол“ по 35 години повторно излезе на плоча

„Као какао“, хитот на легендарните „Леб и сол“, повторно ќе излезе на плоча, а во издание на „Кроација рекордс“. Винилот ќе биде издаден по повод јубилејот, 35 години од објавувањето на култниот албум.

Новото издание, освен плочата, вклучува и книга со фотографии од Георги Христовски, архивски фотографии од “Кроација рекордс“ и придружни текстови.

Со албумот, кој беше издаден 1987 година, „Леб и сол“ го обезбеди статусот на еден од најголемите бендови во историјата на поранешна Југославија.

„Бендот минуваше низ кризен период од 1985 година и неуспехот на албумот што го спремавме најверојатно ќе значeше и распад за ‘Леб и сол’“, изјавија во една прилика. 

Во тоа време Влатко Стефановски, Бодан Арсовски и Гарабет Тавитјан, одлучија да го покани младиот виртуоз на клавијатури Кирил Џајковски, кој стана постојан член на бендот, а покрај него, на снимањето се приклучија и саксофонистот Гоце Мицанов, пејачките Беби Дол и Ана Костовска, гајдашот Рони Ватен и перкусионистот Мишко Михајловски. Целиот материјал е снимен во М2 студио на Радио-телевизија Скопје.

 

Scroll to Top