Холивудската ѕвезда Никола Ѓуричко со стендап-шоу во Скопје

Популарниот српски актер кој го освои и Холувуд, Никола Ѓуричко најави ново стедап-шоу во Скопје, во организација на фестивалот „Таксират“ и „Скопје Комеди“.

На 7-ми март во Филхармонија, Ѓуричко ќе настапи со својот нов стенд-ап материјал со наслов „Шоубиз“. Тој по пауза од три години, новата година  ја започнува со многубројни успешни настапи и распродадени шоуа низ Балканот и Европа. Новиот материјал на Ѓуричко вклучува анегдоти и поуки од неговиот живот како холивудски актер и занимливости од неговиот приватен живот со неговото семејствоко.

Никола Ѓуричко е српски актер, роден во Белград во 1974 година. Подеднакво е активен и на филм, телевизија и театар, а првата позначајна улога ја добива во 1989 година во култниот филм „Последниот Круг во Монца“. Во својата кариера пред заминувањето во Холивуд, тој се запиша како актер во повеќе од 60 театарски претстави, а познат и од филмовите: „Муње“, „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур“, „Седум ипол“, „Монтевидео, Бог те видео“ и многу други.Има освојувано многу награди во текот на својата богата актерска кариера. Од неодамна со своето семејство живее во Лос Анџелес (С.А.Д.), каде за кратко време успева да го освои и Холивуд во улогата на Јури Исмајлов во глобалната хит-серија на Нетфликс, Stranger Things во која покрај него глумат и големите холивудски ѕвезди Винона Рајдер и Дејвид Харбур.

Scroll to Top