Хороскоп за 31 март: погоден период за сопствен бизнс за лавот, љубовна врска со близка личност за стрелецот

Овен
Бидете многу внимателни кога комуницирате со непознати бидејќи сигурно ќе бидете погрешно протолкувани. Љубов: партнерот ви ги исполнува желбите, но сепак не сте задоволни и нешто ве мачи. Работа: не сте фокусирани на работата. Некои други работи ви го оттргнуваат вниманието. Здравје: главоболка и висок крвен притисок.

Бик
На секој му треба малку забава и релаксација во животот. Должностите можат да чекаат и ништо не е толку итно. Љубов: слободните припадници на знакот се многу напнати и никој нема да сака премногу да им се доближи. Работа: можно е да имате расправии со жените од работа. Здравје: инфекција на урогениталниот тракт.

Близнаци
Почитувајте ги дадените рокови, за да не се посрамотите пред некои важни луѓе. Многу е важно ништо да не преувеличувате, особено вашите квалитети. Љубов: покажете повеќе разбирање за проблемите што ги има вашата сакана. Работа: не ги преценувајте вашите идеи. Здравје: внимавајте кога се во прашање пороците.

Рак
Растоварете се од непотребните обврски и полесно ќе се справите со непредвидените проблеми. Љубов: партнерот можеби нема да ви каже, но ви замерува што не му посветувате доволно внимание. Вие сте во свој свет. Работа: не присилувајте ништо, проверете сè двапати. Здравје: се чувствуваш добро.

Лав
Расположени сте за дружење, излегување, но и за некои тајни состаноци. Некои од припадниците на знакот, особено зафатените, мора да внимаваат што прават. Љубов: ако некој ве разочарал, погледнете наоколу и ќе сфатите дека имате избор. Работа: ако размислувате да започнете сопствен бизнис, вие сте на вистинскиот пат. Здравје: респираторни инфекции.

Девица
Обрнете внимание на администрацијата, документите, се што е поврзано со документацијата и потпишувањето договори. Љубов: може да бидете мета на нечија љубомора. Работа: конечно ќе решите некои дилеми кои ве мачеа. Здравје: вие сте чувствителни.

Вага
Може да успеете да завршите огромен дел од обврските кои ги имате или сте си наметнале во наредните денови. Љубов: убава и пријатна комуникација со личноста која ви се допаѓа. Работа: одлична информација. Здравје: можни се настинки и вируси.

Шкорпија
Внимавајте со некои ваши постапки да не предизвикате непотребен конфликт со блиски луѓе. Љубов: слободните Шкорпии уживаат во флертувањето и додворувањето, но се уште не сте подготвени да влезете во сериозна врска. Работа: ќе ви биде понудена подобра работа или подобра плата на вашата моментална позиција. Здравје: ‘рбетот и вратот се чувствителни.

Стрелец
Може да очекувате подобрување на финансиската состојба. Сè не е толку тешко како што гледате, внимавајте да не направите нешто што може да ве доведе во лоша позиција. Љубов: можна врска со личност која ја познавате подолго време. Работа: деловниот успех ќе дојде многу брзо. Здравје: постарите припадници на знакот – проблеми со срцето.

Јарец
Чувајте ги вашите деловни планови за себе и не откривајте премногу. Добрите понуди не се отфрлаат, но важно е да размислите дали можете да прифатите толку многу обврски. Љубов: можно разочарување за самохраните припадници на знакот. Работа: не ризикувајте денес. Здравје: пијте повеќе течности.

Водолија
Имате преголеми очекувања, а вашите барања се превисоки. Спуштете ја малку топката и размислете за сето тоа. Љубов: тешко ви е да се договорите со партнерот. Работа: ќе учествувате во некаков вид на преговори или договор и ќе се обидете да извлечете поголема корист за себе. Здравје: блага нервоза, кај некои припадници на знакот и главоболка.

Риби
Некои работи едноставно ги замислувате, а размислувајќи за нив сè повеќе се збунувате и создавате погрешна слика. Љубов: чувствувате голем емотивен занес и задоволство во друштво на саканата личност. Работа: ако веќе можете да избирате, тогаш добро внимавајте со кого се дружите кога е работата во прашање. Здравје: главно добро, до моментот кога ќе се изнервирате.

Scroll to Top