Хороскопски знаци кои не трпат неверство

By

Луѓето различно реагираат на измама. Додека некои преминуваат преку тоа и се прават како ништо да не се случило, други на својот неверен партнер не му даваат никаква шанса. Така е и со хороскопските знаци. Некои реагираат смирено и го прекинуваат контактот со партнерот, а има знаци на кои достоинствените реакции не им паѓаат на памет.

dobivaj vesti na viber

Овен
Овните тешко ќе ја згаснат својата гордост, а ако дознаат дека некој ги измамил, токму поради својата гордост, ќе почнат да планира освета – во тишина секако, а кога еднаш ќе тргнат во осветничко однесување, прават хаос насекаде околу себе.

Скорпија
Ако измамите Скорпија, подобро е веднаш да си признаете сами бидејќи ако дознае од некој друг, ве чека многу отровен период во животот.

Стрелец
Лицата во овој знак се трудат да ги држат конците во свои раце, а ако дознаат дека нешто не е како што треба, буквално го губат разумот. Измамата е една од ситуациите во кои за Стрелецот потполно исчезнува здравиот разум.

Лав
Ако дознае за измама, Лавот во истиот момент ги пакува своите работи и го напушта лицето што му било неверно. Тогаш започнува драма и немилосрдно однесување, но Лавот и тоа како ќе ја чува својата интима од очите на јавноста. Лавовите не сакаат другите да знаат дека имаат проблеми во врската. Затоа сè ќе одработи доволно тивко да не слушнат другите, но и доволно гласно да слушне кој треба.

Ќе ви се допадне