Хрватските ватерполисти голи и со ружи во рацете им го честитаа денот на жените, пред првиот натпревар од Светското првенство.
„На сите жени, на сите дами им го честитаме големиот ден, осми март. Ви посакуваме секој ден да бидете задоволни и среќни. Голем поздрав од вашите Баракуда“, во име на целата репрезентација честитка испрати капитенот Иван Крапиќ.
Денес започнува Светското првенство во ватерполов во Хрватска, а хрватската ватерполо репрезентација го игра првиот меч од турнирот, против САД.
Пред денешниот натпревар најсреќните дами кои ќе побрзаат и ќе си купат билет за да ја бодрат хрватската репрезентација за време на турнирот ќе имаат можност во живо да се сретнат со дел од ватерполистите, а на најсреќните ќе им бидат подарени рози.