Хулигани на Манчестер јунајтед фрлаа шишиња со мочка кон навивачите на Барселона

Хулиганите на Манчестер Јунајтед на синоќешниот натпревар со Барселона на Камп Ноу фрлаа шишиња со мочка кон противничките навивачи. Фудбалерите играа убав меч во осминафиналето во Лига Европа, но дамка оставија англиските навивачи со недоличното однесување, пренесоа светските медиуми.

Околу 4000 англиски Англичани кои беа сместени во горниот дел на трибините, се пресметуваа со домашните фанови на Барселона. Постојано провоцираа, а некои од нив кои успеале да внесат стаклени шишиња од пиво, подоцна ги фрлаа кон каталонците.

Навивачите на Барселона кои се наоѓаа под нив, на „Твитер“ објавија видеа. За потсетување, Барселона и Манчестер синоќа одиграа нерешено 2:2.

 

 

 

 

 

Scroll to Top