Ако ви здодеал изгледот на спалната соба, тогаш сте на вистинското место да пронајдете инспирација. Денес говориме за идеите кои на вашата спална соба ќе ѝ дадат нова нота. Копнеете по промени, а не знаете од каде да започнете? Не сакате да потрошите многу пари, а сепак сакате промената да биде видлива? Имаме решение.
Во продолжение, дознајте како да ја декорирате спалната соба.
Ѕидот во розова боја ќе направи собата да стане магично место за спиење
Розовата боја ќе направи вашиот простор да изгледа поелегантен, но и да проструи нова енергија. Доколку обоите само еден, главниот ѕид, ќе имате впечаток дека се наоѓате во сосема друга соба. Има нешто волшебно во оваа боја. Таа не е само за девојчиња, туку и за возрасни жени кои тежнеат кон промена.
Вклопете ги деталите
Не морате да го менувате тепихот, креветот или орманот. Купете нова слика која ќе биде во склад со ѕидот. Тоа не е некоја голема инвестиција, а ќе направи собата да добие сосема поинаква нота. Ако не сакате розовата боја да ви изгледа претерано во просторот, можете да изберете некоја пригушена боја која е помешана со кафена боја.
Розовата боја на ѕидот совршено со согласува со сиви и бели нијанси, нели?
Дури и розовата постелнина може да ја промени енергијата во вашата соба. Делува удобно.
Линиите и понатаму се во тренд
Нема да погрешите со острите облици, кога се во прашање ѕидовите. Можете да комбинирате и повеќе бои, но кога ќе изберете розова боја, таа треба да биде во фокусот, а сите останати бои треба да бидат понеутрални.
Погледнете го овој плафон. Дури и лустерот е во истиот тон.
Ова е вистинска моминска соба за која многу од нас сонувале. Како од филм! Златните детали одлично се согласуваат со нежно розовите нијанси.
Модерно, урбано и забавно!
Важно е спалната соба да биде удобна и да има многу природно светло.
Оваа спална соба нам ни е дефинитивно омилена!
Која најмногу се допаѓа? Ѕидот во розова боја може да биде одлично решение, кога ќе посакате да го освежите просторот.