Илјада волонетри му се соблекоа голи на фотограф во Финска

Голи луѓе позираа на улиците и плажите на Куопио, Финска како дел од уметничкиот проект на американскиот фотограф Спенсер Таник.

„Денес, земјата на илјада езера, Финска, се трансформира во земја на илјада акти“, изјавил реномираниот фотограф.

Таник, кој е добро познат по своите импресивни снимки со голи маси луѓе, изрази благодарност до ентузијастите волонтери додека ги насочуваше преку звучник.

Учесниците првин позираа на улица, со цветни инсталации, а потоа на плажа и во вода.

„Сакав да го доведам телото во хармонија со Куопио и езерата во северна Финска“, објаснил уметникот изразувајќи ја својата длабока благодарност до волонтерите што беа подготвени да се соблечат среде ноќ.

Во ноември околу 2.500 голи луѓе се собраа на позната плажа во Сиднеј, Австралија, како дел од инсталацијата на истиот уметник за да се подигне свеста за ракот на кожата.

Тој настан наречен Strip Off for Skin Cancer беше организиран во соработка со здружение кое ги охрабрува Австралијците да прават редовни дерматолошки прегледи.

Спенсер Таник е познат по слични проекти со масовното соблекување на многу познати локации во светот.

Тој соблече повеќе од 5.000 луѓе пред операта во Сиднеј во 2010 година, а 18.000 луѓе – негов рекорд – на плоштадот Зокало во Сиудад де Мексико во 2007 година.

Scroll to Top