Индонезија забрани секс за оние кои не се во брак

Во Индонезија во тек е усвојување на закон со кој им се забранува секс на сите оние кои не се во брак. По гласањето во парламентот во Џакарта, се кренаа голем број активисти објаснувајќи дека на овој начин се загрозуваат човековите права. Пред парламентот беа одржани и протести.

Според медиумите законот ќе стапува на сила постепено во наредните три години. Според новиот кривичен закон, интимни односи, надвор од бракот, може да резултира со затворски казни и до година дена. Овие закони се однесуваат и за странски државјани, туристи и невенчани парови.

Со новиот закон се регулира и напуштањето на верата, навредување на претседалот или изразување ставови кои не се во согласност со националната идеологија.

Индонезија е најголема земја на светот, каде доминираат луѓето со муслиманска вероисповед. Во изминатите неколку години е забележан раст на конзерватизамот и стрикните правила кон кои мораат да се придржуваат сите и локалците и туристите.

Во најекстремните случаи, како што е регионот Ачех, престапниците дури и јавно се камшикуваат за неверство.

Активистите за заштита на човекови права гласно се спротиставија на новите закони и сметаат дека на овој начин се загрозува слободата на народот, но и дополнително се уназадува положбата на жената во земја која има 270 милиони жители, пренесе „Би-би-си“.

„Ваквите закони се голем чекор наназад за и онака загрижувачката верска слобода во Индонезија. Со нив се овозможува неверниците да бидат кривично гонети и затворани. Опасноста од опресивните закони не лежи во фактот дека широко ќе се применува, туку ќе се овозможи селективна примена“, предупреди Андреас Харсоно од организацијата Human rights watch Indonesia.

 

Scroll to Top