Интернационалена филмска продукција ќе го дистрибуира македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ пред светската премиера во Венеција

Македонските автори и Агенцијата за Филм остваруваат успеси кои испишуваат историја во македонската кинематографија.

„Фокус Фичарс“ и „Јуниверзал пикчарс“ ќе го дистрибуираат филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевск, филмот кој оваа година ќе го отвори 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција – Скопје ќе биде дистрибуриран на територија на САД, преку компанијата „Фокус Фичарс“.

„Јуниверзал пикчарс“ ќе биде интернационален дистрибутер на филмот за останатите територии, додека продажните агенти на филмот „Њу јуроп филм селс“ од Полска ќе го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа.
Веста за склучените договори за дистрибуција на филмот доаѓаат пред неговата светска премиера, која ќе се одржи на 6-ти септември 2023 година, на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција.
„Фокус Фичарс“ и „Јуниверзал пикчарс“, и е компанија за филмска продукција и дистрибуција, чиј фокус при дистрибуцијата се независни и странски (не-англиски говорни) филмови во САД и на меѓународно ниво. „Фокус Фичарс“ и „Јуниверзал пикчарс“ заедно се дел од NBCUniversal, една од водечките светски компании за продукција, маркетинг, забава, вести и информации за глобална публика.
„Домаќинство за почетници” е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, а продуцент на филмот е Марија Димитрова од Лист продукција – Скопје.
Scroll to Top