Јужна Африка бара да се врати најголемиот дијамант на светот за крунисувањето на Чарлс

Крунисувањето на Чарлс Трети ги потикна повиците на Јужна Африка за враќање на најголемиот дијамант на светот, главниот камен на жезолот што британскиот монарх ќе го држи на церемонијата утре.

>Кулинан И., (именуван по тогашниот управител на рудникот), познат и како „Ѕвездата на Африка“ со тежина од 530 карати, бил пронајден во 1905 година во Јужна Африка, кога била британска колонија. Две години подоцна, тогашната колонијална влада му го подари каменот на кралот Едвард VII за неговиот роденден.

„Целото рудно богатство на Јужна Африка му припаѓа на јужноафриканскиот народ, а не на британската палата“, изјави вчера пратеникот Вујолвету Зунгула, претседател на малата опозициска партија. „Луѓето умираа, се пролеваше крв за тие дијаманти да дојдат во Велика Британија“.Дијамантот Кулинан од 3.126 карати е најголемиот дијамант некогаш ископан и во необработена состојба тежел 621 грам. Бил испратен во Амстердам и исечен на два големи главни камења, седум скапоцени камења и 96 брилијанти.

Многу од овие дијаманти денес ја красат кралската круна, а други им биле поделени на другите членови на кралското семејство.

Scroll to Top