Катерина Шиповиќ е првата Македонка која учестува на „Спататлон“ во Грција

By

Катерина Шиповиќ е македонска ултрамаратонка која учествува на „Спартатлон“, една од најтешките десет трки во светот.

dobivaj vesti na viber

Шипковиќ е првата натпреварувачка од Македонија која учествува во трката која е во должина од 245 километри. Се трча на релација од Атина до Спарта со временски лимит за завршување на трката од 36 часа.


Во 2015 година таа започна со ултрамаратонското трчање, и е државен првак која за 24 часа истрча 180 километри.

Инаку „Спартатонот“ е историска трка која секоја година се одржува во септември во Грција. Започнува на 30 септември, а завршува на 1 октомври.

 

Од 1984 година е основана Меѓународната асоцијација „Спартатлон“, која оттогаш континуирано ја организира трката секој септември.

Ќе ви се допадне