Ќе се воведуваат временски зони и на Месечината и на земјениот сателит ќе се смета времето

Во наредната деценија е во план да се воведат десетина вселенски мисии на Месечината. Во некои од нив е планирано да се изградат и бази и други престојувалишта, најавија од Европската вселенска агенција и додадоа дека на земјиниот сателит планираат да воведат временски зони.

Ваквата идеја почнала да се разгледаува уште од ноември минатата година.

„Се согласивме дека е важно и итно да го дефинираме времето на месечината кое би било меѓународно признато и кое би го користеле сите лунарни системи и корисници. Започната е меѓународна акција за постигнување на оваа цел“, рече инженерот за навигационен систем Пјетро Џордано.

Досега секоја мисија на Месечината функционирала со уредите кои биле синхронизирани со времето на Земјата. Освен што е потребно за астронаутите и персоналот на Земјата, потребата за стандардизирано следење на времето во вселената е клично и за наведување.

Како што системите ЏПС на Земјата бараат прецизна координација и тајминг, истото е потребно и за било која инфраструктура на Месечината.

Станицата НАСА би требало да стане оперативна најрано во ноември 2024 година, а ќе послужи како повеќенаменски вселенски космодром кој ќе кружи околу Месечината. Таму на астронаутите ќе им биде овозможено сместување и ќе им се даде поддршка за оние ќе сакаат да се вратат на Месечината.

ЕСА размислува дали една организација треба да биде одговорна за поставување на лунарното време и дали треба да биде независна или синхронизирана со Земјата. Во едно се согласуваат дека решението мора да биде практично за астронаутите.

Тоа ќе биде голем предизвик на површината затоа што екваторијалното подрачје на денот трае 29.5 земјени денови, вклучувајќи ја и лунарната ноќ долга по две недели. Експертите се убедени дека доколку воспостават сметање на времето на Месечината, во иднина тоа може да се направи и за други дестинации во вселената.

Scroll to Top